Големина на фонт: A A A

Нашите стандарди на визуелен идентитет

Институциите, исто како и поединците, поседуваат личност или идентитет.

Како што идентитетот е важен за човекот, така тој е неопходен дел од успехот на една институција. Идентитетот, било институционален или персонален, се заснова на одржувањето на вредности, принципи, преземање на акции, остварување на цели, зацртан имиџ, а сето ова заедно го сочинува т.н. “интегритет”. 

Како институција, се грижиме, го негуваме и одржуваме идентитетот затоа што тоа не е ништо друго освен одраз на нашиот карактер, углед, иднина.

Во институционална смисла, т.н. “бренд” се подразбира преку “каналите”: глас, визија и акција (она што зборуваш, онака како што изгледаш и како се однесуваш).

Стандардите кои ги воспоставивме главно се однесуваат на визуелниот канал или со други зборови, изгледот на институцијата преку лого, визуелни симболи, бои, стилизирана типографија и “иконографски”  елементи. Сите овие визуелни тела мора да бидат координирани и поврзани со една единствена и дефинирана идеја на институционален идентитет.

Јасното разбирање на визуелните елементи и како тие функционираат ја сочинуваат основата на еден успешен брендиран идентитет. 

Со стандардизирањето на визуелниот идентитет се стремиме да го овозможиме тоа јасно сфаќање и да ги изнесеме деталите кои се потребни од оние кои раководат со него и ги користат визуелните средства на брендот Штедилница “Можности“.

Стандарди на визуелен идентитет

 
Кон врвот