Големина на фонт: A A A

Можности во текот на годината учествува на повеќе саемски манифестации....

Кавадарци 2006

Одржувајќи ја својата традиција градот Кавадарци по шести пат во годината ја организираше манифестацијата "Тиквешки Гроздобер" во чии рамки се одржа саемот "Вино Експо 2006". Можности беше дел од овој саем кој траеше од 01-09.2006 година, во просториите на спортската сала "Јасмин" во Кавадарци.

Саемот е од меѓународен карактер со учество на винарски визби од Хрватска,Србија, Бугарија, Грција и други земји.

Со промоцијата на кредитните и штедните продукти и услуги, штандот на Можности привлече голем број на посетители кои се интересираа за тоа што Можности како штедилница има да им го понуди на заинтересираните, потенцијални клиенти.

Впрочем тоа беше знак за добрата позиција што ја има Можности во Кавадарци.

Струмица Експо 2006

Под покровителство на градоначалникот на Струмица, по втор пат се одржа меѓународниот саем за производство, трговија и услуги Струмица Експо 2006. Саемот траеше од 02.11до 04.11.2006 година во просториите на спортската сала "Парк" во Струмица.

На овој саем штедилницата Можности имаше можност да ја промовира нејзината палета на услуги и продукти. Посебен акцент се стави на поволностите на земјоделските кредитни линии поради видот на саемот и интересот на посетителите.

ФИН ЕКСПО 2006

Во просториите на Скопски саем во Скопје во периодот од 06-08 Декември се одржа 5-от по ред саем на финансии, деловни можности и економски развој, ФИН ЕКСПО 2006.

Штедилница Можности и оваа година зеде активно учество на овој саем така што посетителите можеа да ги добијат сите потребни информации за производите и услугите кои ги нуди.

Исто така саемот беше дорба прилика за запознавање со работата на другите финансиски институции кои учествуваа на саемот.

ЕКСПО Битола 2007

Од 07-10 Јуни 2007 година во Спортската сала Младост во Битола се одржа 5-от по ред саем на стоки за широка потрошувачка, репроматеријали, опрема и туризам, Експо Битола 2007.

Штедилница Можности по втор пат учествуваше на овој саем.

Посетителите можеа да го посетат штандот и да се информираат за услугите кои ги нуди Можности.

ФИНЕКСПО 2007

Можности учествуваше на 6-от саем на финансии, деловни можности и економски развој, ФИНЕКСПО 2007 кој се одржа од 28-30 Ноември во просториите на Скопски саем.

 
Кон врвот