Големина на фонт: A A A

Профил на Штедилница Можности

Штедилница Можности е финансиска институција која постои веќе 16 години на финансискиот пазар во Република Македонија, додека почетоците на микро кредитирањето преку “Можности“ датираат од 1996 година.

Водејќи се од мисијата и визијата, штедилницата е препознатлива по улогата на поддржувач на луѓето во потребата да добијат финансиска поддршка за своите добри деловни идеи, вербата во слободната иницијатива, индивидуалната креативност и личната одговорност...

Штедилницата ги услужува микро, малите и средните претпријатија кои спаѓаат во секторот трговија, услуги и производство, како и физичките лица на кои им нуди финансиски производи и услуги како кредитирање и можност за штедење.

Штедилницата ужива голем рејтинг меѓу финансиските институции во Република Македонија, благодарение на високата ефикасност, посебно води грижа за брзината и квалитетот на услугите, преку нагласениот добар однос со клиентите и улогата на континуирано советување на сите клиенти. Штедилницата го организира работењето со клиентите, на тој начин што секој клиент на штедилницата има точно определено лице за контакт (службеник за односи со клиенти), кое во секој момент може да одговори на сите прашања и потреби на клиентот.

Темелите на нашата деловна политика се засноваат на постојана иновација и воведување на нови производи и услуги, преку следење на трендовите и препознавање на потребите на пазарот.

Штедилница Можности е партнер на глобалната микрофинансиска мрежа Opportunity International со седиште во САД во чии рамки е рангирана на трето место од вкупно 42 институции во светот. Рангирањето е направено според CAMEL рејтинг системот.

Штедилница “Можности“ е добитник на наградата "Good Practices Euripe Awarad 2013", сонзорирана од Giordano Dell'Amore Foundation во соработка со European Microfinance Network.

Денес, штедилницата има деловна мрежа низ територијата на целата држава: Скопје (експозитура Аеродром, ГТЦ и Лептокарија), Куманово, Кавадарци, Кочани, Велес, Струмица, Тетово, Кичево, Битола, Струга и Гостивар. Тимот на штедилницата го сочинуваат 127 вработени. Целта ни е приближување на нашите производи до сите потенцијални клиенти, да ја оправдаме вербата на нашите сегашни и идни клиенти кои во штедилница “Можности“ препознаваат сигурна и стабилна финансиска институција.

 
Кон врвот