Големина на фонт: A A A

ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ 


           Штедилница “Можности“ ДОО Скопје се грижи за заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Во оваа политика за приватност се наведени видовите лични податоци кои се примаат и се собираат при користењето на веб-страницата на штедилницата (www.moznosti.com.mk), како и чекорите кои се преземаат за нивна заштита.

 

Собирање и обработка на лични податоци


За време на посетата на нашата веб-страница, целосно се почитува Вашата приватност.  Природата на Интернетот е таква што пасивно и автоматски собира податоци за користењето на страната. Корисниците се идентификуваат преку нивните IP (интернет протокол) адреси кои  се доделуваат од страна на интернет провајдерот и се различни за секој корисник. IP адресата сама по себе не е доволна за да се идентификува некое лице, но во соработка со интернет провајдерот може да се открие за кое лице точно станува збор.

При користењето на веб-страницата на штедилницата, на Вашиот персонален сметач се копираат мали текстуални фајлови "Cookies" кои служат за следење на движењето на интернет пребарувачот. "Cookies" фајловите не се поврзуваат со доставените лични податоци на посетителот и исчезнуваат веднаш по исклучувањето на интернет пребарувачот. Нивната улога е во тоа што со нивна помош се следи движењето на посетителите на веб-страницата, и се собираат податоци со кои се одредуваат начините за оптимизирање и унапредување на функционалноста на страницата.

Штедилница “Можности“ прибира лични податоци од посетителите преку својата веб-страница за следните намени:

-       Онлајн поднесување барање за кредит

(името и презимето се задолжителни, додека бројот на телефон, фиксен или мобилен и e-mail се опционални податоци)

-       Онлајн барање за добивање информации за кредити и штедни влогови

(името, презимето и градот се задолжителни, додека бројот на телефон фиксен или мобилен и e-mail се опционални)

-       Барања за кредити

(поставени се валидни формулари за соодветниот продукт за кој е заинтересиран корисникот)

-       Поднесување апликација за вработување

(електронско CV со сите податоци за името, презимето, полот, адресата за контакт, бројот на телефон и e-mail на кандидатот за вработување)

-       Спроведување анкети

(името и презимето се задолжителни, додека датумот на раѓање е опционален податок)

-       Newsletter

(e-mail)

Сите лични податоци добиени во штедилницата преку веб-страницата, се доброволно дадени од нивните сопственици, со експлицитно потврдена согласност. Личните податоци се обработуваат согласно Законот за заштита на лични податоци и исклучиво за намената за која се собрани.

 

Користење и давање на лични податоци на корисници

Доколку има потреба личните податоци да се искористат и за други цели, како на пример, изготвување статистички извештаи или директен маркетинг, тоа се прави само со претходно добиена согласност од сопствениците. Субјектот на личните податоци има право во секое време, бесплатно и со повторно користење на веб-страницата да ја повлече претходно изречената согласност за обработка на неговите лични податоци за цели на директен маркетинг. Податоците нема да бидат пренесувани во други органи и организации, освен во случаи утврдени со закон.

Во случај на криминална истрага, штедилница “Можности“ се придржува до важечките закони на РМ и податоците собрани со активноста на веб-страницата им се достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзиниот информациски систем или веб-страницата, кога дневниците на записи (логови) можат да се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.

Вработените во штедилницата се законски обврзани да ги чуваат во тајност сите информации и личните податоци за сите посетители на веб-страницата до кои ќе дојдат за време на извршувањето на нивните работни задачи.

Записите кои содржат лични податоци се уништуваат/бришат по истекот на дефинираниот рок за ниво чување, согласно целта за која биле прибрани и обработувани.

 
Кон врвот