ВИЗИЈА на штедилница ”Можности”
“Нашата визија е подобар свет и посреќни луѓе. Ние веруваме во човекот и неговата способност да го промени својот живот со сопствениот труд. Ние сме оддадени на борбата против сиромаштијата, социјалната маргинализација. Ние сме убедени дека секој човек заслужува почит и помош.”
МИСИЈА на штедилница ”Можности”
„Ние веруваме во слободната иницијатива, индивидуалната креативност и лична одговорност. Нашата мисија е да обезбедуваме можности - луѓето во потреба да добијат поддршка за своите добри деловни идеи. Ние нудиме пристап до почетен капитал. Нашата цел се нови работни места, а нашиот метод - мали заеми за мали потфати. Ние очекуваме - со резултатите од своите мали бизниси луѓето да си помогнат себеси, на своите семејства и на заедницата, со што нашата институција ќе стане респектиран субјект на финансискиот пазар.”