Големина на фонт: A A A

Една година работа на експозитурите во Битола и Гостивар

На 17 и 19 Април експозитурите во Битола и Гостивар прославија една година од своето постоење. Преку двете експозитури услугите на Можности се достапни на сите граѓани во регионот на Битола и Гостивар и тоа: кредити за микро, мали и средни бизниси, индивидуални земјоделци и сточари, кредити за население (потрошувачки, станбени и студентски) како и поволни услови за штедење.

Во текот на едногодишното работење експозитурата во Гостивар има исплатено 348 кредити и се отворени 309 штедни книшки. Експозитурата во Битола има исплатено 255 кредити и се отворени 256 штедни книшки.

 
Кон врвот