Големина на фонт: A A A

E-banking

Општи информации

Со Е-банкинг услугата, Штедилница Можности Ви нуди,  брзо, сигурно и едноставно добивање на информации за услугите што ги користите од штедилницата. Е-банкинг  е наменет за сите клиенти (физички и правни лица) на штедилницата кои користат каков било продукт или услуга, за оние кои сакаат 24 часа, 7 дена во неделата да имаат увид во својата сметка, да планираат и да ги следат модерните текови.

 

Трошоци:

Услугата за пристап до електронското банкарство на Штедилница Можности е БЕСПЛАТНА за сите корисници и е на располагање 24/7.

 

Кои се придобивките на е-банкинг?

- проверка на состојбата на кредитот или депозитот;

- праќање прашање, сугестија или поплака;

- имање увид во листата на уплати и исплати;

- имање увид во Вашиот амортизационен план;

- добивање информација за статусот на кредитот;

- проверка на важечката курсна листа во штедилницата;

- и други информации.

 

Како да станете корисник на услугата е-банкинг ?

Обратете се до најблиската експозитура на Штедилница Можности.

Наш вработен ќе Ви отвори сметка и ќе добиете user name и password.

По Вашата најава на порталот, услугата е активна и е на Ваше располагање.

При секоја наредна најава треба да пристапите преку линкот подолу:

 https://e-click.moznosti.com.mk

 

Контакт и корисни информации

 

За повеќе информации обратете се секој работен ден од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 ч во која било од експозитурите на Штедилница Можности или во Дирекцијата на штедилницата, Служба за релации со клиенти на телефонскиот број 02 2 2401 054

или во кое било време пишете ни на е-маил: e-banking@moznosti.com.mk

 

Се движиме заедно,

Штедилница Можности

 
Кон врвот