Големина на фонт: A A A

09.02.2017 година

Соопштение за јавноста

Штедилница Можности вложува во своите вработени

 

09.02.2017 година

Соопштение за јавноста

Штедилница Можности вложува во своите вработени

Од 24 до 26 јануари 2017 година во Велес се одржа дводневна, интерактивна обука на тема „Како да се унапреди продажбата и продажниот перформанс на вработените во финансиските институции”. Целта на обуката беше стекнување на знаење за зацврстување на продажните вештини, а задачата да ја исполни оваа цел му беше доделена на Драгиша Ристовски, експерт за директна продажба, мотивација на вработените и лидерство.

На обуката присуствуваа седум вработени во штедилницата од експозитурите Куманово, Тетово, Кичево, Аеродром, ГТЦ и Лептокарија.

Рената, Даниел, Мирјана, Александар, Кате, Ангела и Ана имаа можност два дена да учат за современите трендови во продажбата, ефикасно поставување на прашања, активно слушање, cross-sales техниките, справување со приговори во процесот на продажба итн., како и да поставуваат прашања од досегашното искуство, да работат во групи и да разменат искуства со вработените во останатите микрофинансиски институции во Македонија – Штедилница Фулм и Фондација Хоризонти.

Обуката беше организирана од Сојузот на микрофинансиски институции во Скопје како дел од проектот „Инклузија и иновација во микрофинансирањето”, поддржан од УСАИД.

Во следниот период, а како дел од овој проект, ќе следат уште обуки на различни теми, на кои ќе земат учество значаен број наши вработени.

Преку ваквото вложување во својот персонал, Штедилница Можности се стреми кон унапредување на услугата кон клиентите, се грижи секогаш да бидат услужени од компетентен персонал, да бидат ислушани и да им се понуди вистинскиот совет и продукт за нивните потреби.

 

 

 

Се движиме заедно,
Штедилница Можности

 
Кон врвот