Големина на фонт: A A A

24.11.2016

Соопштение за јавност

Штедилница Можности дел од Европската недела на претприемачот

Во рамките на Европската недела на претприемачот  беше организиран настанот „Имам бизнис идеја... Како до реализација?”, а Штедилница Можности зеде активно учество.

Настанот се одржа во хотелот „Александар Палас“ во Скопје на 18 ноември 2016 година во организација на Агенцијата за поддршка на претприемништвото, а учествуваа претставници од деловниот сектор, при што се разменија информации корисни за бизнисите коишто се дел од македонската економија.

Искуства од работењето на штедилницата на темата „Микрофинансирање” сподели Петар Славковски, директор на експозитурата во „Лептокарија“ во Скопје, претставувајќи ја штедилницата како прв проект на микрофинансирањето којашто повеќе од 16 години ги поддржува микро и малите бизниси преку разновидни инструменти на финансиска поддршка.
Предизвиците со кои се соочуваат стартап бизнисите ги претстави клиент на штедилницата кој со реален пример го пренесе своето искуство во користење на ваков микрофинансиски инструмент.

Имено, преку поддршката од Штедилница Можности успеал да започне свој мал бизнис кој со понатамошната 11-годишна успешна заемна соработка успеал да го прошири и од мал да прерасне во стабилен бизнис со што придонел за вработување на членовите на своето семејство и на повеќе од пет вработени.  

 

 

Се движиме заедно,

Штедилница Можности

 
Кон врвот