Големина на фонт: A A A

01.11.2018

Соопштение за јавноста

Признание за најдобар службеник во штедилницата

Светскиот ден на штедењето и годинава беше одбележан со свечена церемонија од страна на Македонската банкарска асоцијација во присуство на претставници од НБРМ, од Министерството за финансии и од банките и штедилниците.

На свечена церемонија, на 30.10.2018 година, беа доделени награди и признанија на најдобрите службеници од сите банки и штедилници во земјава кои во текот на 2018 година покажале особени резултати во работењето со населението. Признанието за службениците е во форма на специјално изработени статуетки што ќе се доделуваат при секое следно одбележување на овој ден.

Од Штедилница Можности, најдобар службеник беше избран Иван Панев од дирекцијата во Скопје.

 

Се движиме заедно,

Штедилница Можности

 
Кон врвот