Големина на фонт: A A A

02.11.2018

Соопштение за јавноста

Можности во друштво на средношколци од „Димитар Влахов”

На 2 ноември 2018 година, Штедилница Можности беше домаќин на учениците од средното општинско училиште „Димитар Влахов“ од Струмица кои дојдоа на посета во експозитурата на штедилницата во Струмица.

Целта на посетата беше запознавање на учениците со работата на штедилницата, со посебен акцент на кредитирањето во земјоделието и набавката на земјоделски машини.

Посетата беше исклучително успешна. Нашите колеги ги пречекаа учениците од СОУУД „Димитар Влахов“, ги запознаа со нашиот делокруг на работење, присутните на лице место можеа да видат како функционира една финансиска институција и кои се секојдневните обврски на вработените. Учениците можеа да научат како се одвива процесот на кредитирањето, со посебен акцент на продуктите што ги нуди штедилницата во земјоделската дејност.

 

Се движиме заедно,
Штедилница Можности

 
Кон врвот