
I. БИЗНИС КРЕДИТИ
Износ: до 200.000 ЕУР / 12.000.000 МКД Рок на враќање: до 60 месеци
Грејс период: до 12 месеци Намена: Доградба, адаптација, реновирање, доплата на деловен простор, start up бизниси, набавка, доплата, поправка на половни транспортни средства во услужни дејности, обртни и основни средства кај индивидуални занаетчии, краткорочно финансирање на обртен капитал на производтвсни фирми: машини, резервни делови, алати, наменски возила, опрема и др. Документација: лична карта или тековна состојба Начин на отплата: флексибилен начин согласно инвестициониот циклус на клиентот
 II.ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ
Износ: до 100.000 ЕУР / 6.000.000 МКД
Рок на враќање: до 60 месеци
Грејс период: до 12 месеци
Намена: Обртни и основни средства, полјоделие, овоштарство и лозарство, сточарско производство, основни средства за работа во примарното производство
Документација: лична карта или тековна состојба
Начин на отплата: флексибилен начин на отплата согласно инвестициониот циклус на клиентот

III. КРЕДИТИ ЗА НАСЕЛЕНИЕ
Потрошувачки кредити: Износ: до 10.000 ЕУР / 600.000 МКД Рок на враќање: до 60 месеци Намена: кредити за сите намени (бела техника, мебел, возила, образование, лекување итн.)
Станбени кредити: Износ: до 60.000ЕУР Рок на враќање: до 240 месеци Намена: кредити за купување, изградба или доградба на станбен простор.
Студентски кредити: Износ: до 1.500 ЕУР / 90.000 МКД Рок на враќање: до 24 месеци Намена: кредити за плаќање на трошоци за студии
Начин на отплата: Кредитите за население се отплаќаат со еднакви ануитети
Стапка на вкупни трошоци (СВТ) 30 06 2010 година
IV. Рамковни-револвинг кредит
Рамковен револвинг кредит лимит врз основа на заложно право на недвижен и подвижен имот е кредит кој се одобрува на клиентите заради подостапно и олеснето користење на разните кредитни погодности со кои располага Штедилницата. Во рамките на одредениот кредитен лимит клиентите можат повеќекратно да користат различни кредитни продукти и со различни рокови на достасување, но најмногу до утврдениот лимит и крајниот рок на достасување на рамковниот-револвинг кредит.
V. Кредити наспроти депозити
Кредити наспроти депозити претставуваат кредити одобрени на корисниците, при што како колатерал се користат нивните сопствени депозити.
Денарски депозит целосно обезбедување
Депо - целосно покритие на кредитот со камата
Обезбедување:
Во зависност од големината и од видот на кредитот кредитобарателот може да избира меѓу следниве обезбедувања:
- Меница и менична изјава; - Административни забрани од вработени во бонитетни фирми и институции; - Залог на депозити; - Залог на возила со винкулирана полиса; - Залог на подвижни предмети и права; - Нотарски заверена договорна хипотека (извршна исправа); - Банкарска гаранција од првокласни банки; - Меница и менична изјава во форма на нотарски акт.
За сите подетални информации обратете се во најблиската експозитура на Можности или пратете барање за кредит на следнава e-mail адреса .
Се движиме заедно, Штедилница Можности
|