mk en sq
Прва страница Мапа на сајтот Контакт
 
За нас Кредити Штедење Обрасци Експозитури Кариера

  

СООПШТЕНИЕ за јавност

Барање за регистрирање на клиенти

Почитувани клиенти,

 
Ве известуваме дека од 01.01.2010 Штедилница Можности воведува унифицирано Барање за регистрирање на клиенти – правни и физички лица.

Ова Барање е обврска на сите банки и штедилници во Р.Македонија и има за цел идентификација и верификација на клиентите согласно домашната и меѓународната регулатива.

Со цел комплетна идентификација и верификација, клиентите (постојни и идни) потребно е покрај досегашните податоци поднесени при стапување во деловен однос со Штедилницата, да достават и дополнителни податоци за подобро запознавање на клиентот.

Пример за дополнителните пoдатоци се: очекуван годишен промет, висина на месечно примање, изјава за политичко експонирано лице, изјава за краен сопственик итн.

Барањата можете да ги превземете од следниве линкови:

- Барање за правни лица

- Барање за физички лица

 

Пополнетите барања треба да ги доставите во било која експозитура на Штедилницата.

Доколку клиентот не достави пополнето барање, обврска на нашите вработени е истото да Ви го побараат  да го пополните при Вашата следна посета на Штедилницата.

 


Штедилница Можности ДОО Скопје

Се движиме заедно






Валута куповен продажен
EUR61,3061,70
USD46,5048,50
CHF45,0048,00
Правна напомена
contact@moznosti.com.mk