ПРОФИЛ
“Можности” како прв проект за микрокредитирање на Македонскиот пазар постои цели 10 години, односно од 1996 година. Од 14 Јуни своите активности започна да ги извршува преку Штедилница "Можности" со решение за издавање дозвола за основање бр.02-14/289-2000.
Денеска, Штедилницата “Можности” претставува микрофинансиска институција која обезбедува широк спектар на кредитни продукти како и поволни услови за штедење.
Со средствата вложени во нејзините фондови, прибраните депозити и добиените кредити има за цел: да извршува дејност заради остварување на добивка, да обезбедува квалитетни финансиски средства за физички лица и поединци кои вршат самостојна дејност и да учествува во финансирање на развојни програми на мали трговски друштва.
Од само пет вработени на самиот почеток "Можности" до денес има над 100 вработени со тенденција за негово понатамошно зголемување.
Важно е да се нагласи дека директно или индиректно “Можности” придонесе за одржување на повеќе од 36.000 работни места како и создавање над 7.400 нови работни места.
Целокупниот успех на работата на “Можности” се должи на мотивот за зголемување на кредитните продукти и услуги кои се наменети за потребите на нашите клиенти односно целни групи кои се состојат од:
- Приватни претпријатија и правни лица
- Индивидуални производители (земјоделци и занаетчии)
- Женски претприемачи
- Физички лица
Штедилницата “Можности” е партнер на глобалната микрофинансиска мрежа Opportunity International со седиште во САД во чии рамки е рангирана на трето место од вкупно 42 институции во светот. Рангирањето е направено според CAMEL рејтинг системот.
Главното седиште на штедилницата “Можности” е во Скопје каде има уште 3 експозитури во Аеродром, ГТЦ и ТЦ Лептокарија. Исто така има 9 други експозитури низ целата територија на Република Македонија. |