10 години Можности
Визија за развој на Источна Македонија
На 08 Декември 2007 експозитурата на Можности во Кочани прослави 10 години од нејзиното постоење.
Експозитурата во Кочани покрива дел од територијата на Источна Македонија успешно остварувајќи ја мисијата на Можности, да им помогне на луѓето, да започнат мала стопанска дејност и истата да ја развиваат.
Експозитурата започна да функционира само со еден вработен, во текот на годините бројката растеше, за да во моментот го достигне бројот од 6 вработени.
Во Ноември 2003 експозитурата започна и со благајничко работење со што понуди и повеќе услуги, го подобри квалитетот во работењето, се доближи повеќе до своите клиенти.
Во текот на 10 годишното работење на Можности во Кочани, се остварени значајни посети од страна на партнер организации од странство меѓу кои УСАИД и Opportunity International. Во 1999 година експозитурата ја посети амбасадорот на САД, Христофер Хил, а во 2000 година и новоназначениот амбасадор Мајкл Ајник, заедно со УСАИД, повторно ја посетија експозитурата и клиентите на Можности во Кочани.
Се организираа повеќе дружења на вработените меѓу кои во 1999 се организираше значаен пикник на ниво на Можности и број на клиенти на Пониква, а во 2000 година и ајваријада исто така на Пониква заедно со нашите клиенти.
Првиот кредит кој беше реализиран во Кочани е на клиентот Дивна Иванова за подигнување на пластеници.
Во досегашното работење експозитурата во Кочани има реализирано над 3 000 кредити во износ на над 10 мил. Евра и има над 700 активни клиенти.
Во делот на штедењето ја стекна довербата на над 1 200 штедачи. Имајќи ги во предвид искуствата на експозитурата во Кочани како пионер во спроведување на новините во развојот и деловната политика на Можности истата ќе се стреми кон продолжување на успешната имплементација на сите нови предизвици кои не очекуваат на полето на остварувањето на нашата мисија и визија.
Поминаа 10 успешни години од работата на експозитура во Кочани, а не очекуваат уште поголеми предизвици за уште поголеми задачи и успеси во иднина.